Тужба за Фејсбук и Јутјуб за пренесување на снимката од терористичкиот напад во Крајстчрч

Францускиот муслимански верски совет соопшти дека е поднесена тужба против Фејсбук и Јутјуб по снимката од масакрот во Крајстчрч која беше емитувана на овие платформи.

Масовното пукање во двете џамии во Нов Зеланд беше пренесувана во живо на Фејсбук профилот на напаѓачот 17 минути.

Неколку часа по нападот, снимката се уште можеше да се најде на Фејсбук, Твитер, Алфабетик инк, Јутјуб, како и на Инстаграм и Ватсап, кои се во сопственост на Фејсбук.

Во нападот беа убиени 50 лица, по што властите најавија радикални и итни промени во законот за носење оружје.

Премиерката Јасинда Ардерн соопшти дека автоматските пушки и воените полуавтоматски оружја се забрануваат во Нов Зеланд.