Турција: Владата со нов закон ќе ги дисциплинира корисниците на Твитер и Фејсбук

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека во соработка со Министерството за правда се изработува нов закон, со кој ќе им се дозволи на властите да „истражуваат и гонат“ граѓани кои објавуваат „лажни и провокативни“ постови на социјалните мрежи.
Турција: Владата со нов закон ќе ги дисциплинира корисниците на Твитер и Фејсбук
Министерот вели дека имало многу провокативни информации од социјалните мрежи и дека сите тие се покажале како неточни. Како пример за ваква објава, гувернерот на Истанбул Хусеин Али Мутлу, кој активно користи Твитер ја истакна фотографијата на ранет демонстрант, што ја објавил член на опозициската партија. Според Мутлу, опозицијата лажно претставува дека човекот бил ранет на плоштадот Таксим, а тоа всушност била фотографија од „Арапската пролет“.
Турција: Владата со нов закон ќе ги дисциплинира корисниците на Твитер и Фејсбук

Двонеделните протести на илјадници граѓани во паркот Гези беа насилно разбиени од полицијата во саботата, која сега ја контролира локацијата. Сепак, судирите продолжија, а вчера (недела) според официјални податоци биле уапсени околу 440 луѓе. Тензијата сигурно ќе продолжи во следните денови, кога во генерален штрајк стапува Турската унија на синдикати, која ги поддржа протестите против политиките на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Од почетокот на протестите, тој во своите говори неколкупати жестоко ги нападна социјалните мрежи, дури нарекувајќи го Твитер „извор на злото“.