Турција го дозволи и пристапот до Јутјуб

Турски суд донесе одлука за симнување на забраната за пристап ЈуТјуб. Веста денеска ја објави турската телевизија НТВ, една недела откако Владата нареди да биде блокиран пристап до сервисот за турските граѓани.

Турција го дозволи и пристапот до Јутјуб

Како што пишуваше Хуриет, блокирањето на ЈуТјуб сервисот беше направено без судска одлука туку со „административна одлука“ која дојде по објавата на нови записи за владејачката гарнитура во државата кои наводно зборуваат за ситуацијата во Сирија.

Под притисок на меѓународните фактори, но и откако минатиот викенд завршија одржувањето на локалните избори, Агенцијата за телекомуникации вчера ја симна и забраната за пристап до „Твитер“.

Сепак, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и денеска ја критикуваше одлуката на Уставниот суд кој пресече дека забраната на Твитер ги нарушува слободите на граѓаните.

Според Едроган, судот требало да го отфрли барањето за отстранување на забраната за пристап до социјалната мрежа „поради процедурални причини“, пренесе БТА.