Турција го блокираше Твитер

Турција го ограничи пристапот до Твитер само неколку часа откако премиерот Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ја „искорени“ социјалната мрежа, бидејќи корисниците ја користеле за ширење на корупциски обвинувања против него.

Турција го блокираше Твитер

Многу корисници кои денеска се обиделе да влезат во Твитер се соочиле со соопштението на телекомуникациските власти во кое се наведува дека сајтот е блокиран по судска наредба.

Од Твитер велат дека се уште истражуваат што се случува со социјалната мрежа во оваа земја, но немаат објавено официјална изјава. Компанијата објави порака за турските корисници со кои се објаснува како да се користи сервисот, преку смс пораки.

Ердоган вчера на предизборниот митинг во Бурса, десет дена пред локалните избори на 30 март, вети дека ќе го затвори Твитер. Неговата закана уследи само две недели откако најави дека ќе ги забрани Фејсбук и ЈуТјуб, „ако е неопходно“. Според Ердоган, овие сервиси се злоупотребуваат од неговите политички противници.

Според турскиот претседател Абдула Ѓул пак, „нивното гасење не доаѓа во обзир“.

Извор: Ал Џезеира – Балкан