Турското обвинителство бара две доживотни казни за Ѓулен

Турското обвинителство бара две доживотни казни и дополнителни 1 900 години затвор за муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој пребегна во САД. Тој беше обвинет дека е иницијаторот на неуспешниот обид за воен удар во Турција минатиот месец.

Речиси 26 000 луѓе се уапсени по обидот за соборување на турската влада на 15 јули, што доведе до 260 смртни случаи. Анкара побара од САД да го екстрадира Ѓулен, иако тој ги одбива обвинувањата.

Обвинението, напишано на 2 500 страници во кривична постапка која започна минатиот септември е поднесено до Високиот кривичен суд во земјата, пренесуваат турските медиуми.

 Вкупно 111 луѓе се обвинети за финансиски тероризам и обид за соборување на владата, како и други обвиненија.

Покрај двете доживотни казни и 1 900 години затвор, Обвинителството бара паризна казна од 4,8 милиони долари.