Турско катче, дискусија и проекција – шести ден камп пред Влада

Шести ден продолжуваат активностите во антивладиниот камп поставен пред Влада. Во денешната програма е предвидено да има музика, говори, театарска изведба, филмска проекција, како и дискусија.

Од 16 часот присутните ќе можат да го посетат турското катче во кампот и да се запознаат со граѓански организации кои ја претставуваат турската етничка заедница, а во 17 часот следува дискусија на тема „Неостварените права на турската заедница во Македонија”.

Денеска, во 18:30 часот, свои обраќања ќе имаат Оливер Спасовски (политичар), Искра Гешоска (актерка и активистка), Мимоза Ристова (универзитетска професорка) и Зоран Бојаровски (новинар).

Вечерта е збогатена со техно звуците на Goran Kan, Flooder и Andreas Hz. Во 21 часот, театарската група Оптиририлајлам ќе има изведба на „Тендерче, тендерче Вретено“, а во 22 часот, започнува проекцијата на филмот „Skopje Remixed“ во режија на Борјан Зафировски.