Турски град подарува велосипеди на деца чии родители ќе престанат да пушат

Стоејќи на улиците во центарот на Килис, мал турски град на границата со Сирија, секој ќе почувствува силна бучава од мотори, скутери и автомобили. Сигурно не е најпријателскиот град за велосипедисти, но локалните лидери сакаат да го сменат тоа со нова идеја – да дадат илјадници точаци за локалните деца, објави Гардијан.

Имено, турската општина Килис подарува велосипед на секое дете чиј родител кој ќе се откаже од пушење цигари.

Свечена церемонија за врачување велосипеди се случи на локалниот стадион, каде се собраа голем број деца и нивните родители. Целта на оваа несекојдневна кампања, која се одржува под името „15 илјади велосипеди за 15 илјади домови“, е да мотивира што поголем граѓани да заборават на тутунот, како навика лоша по здравјето, но и да се намали моторизираниот транспорт.

На улиците на Килис, дете на велосипед застанува пред куќа оштетена од ракета (Фото: Гардијан)

Градоначалникот Хасан Кара рече дека веќе се поделени 4.000 велосипеди, потенцирајќи дека кампањата привлекла огромно внимание, особено на социјалните мрежи, каде илјадници граѓани ја поздравија оригиналната идеја.

Инаку, Килис е град со многу сириски бегалци. Популацијата преку ноќ се дуплираше на 260.000 граѓани, а војната во 2016 година остави црн облак од став и неизвесност, кога Килис беше бомбардиран.

Затоа, градоначалникот сака Килис да не биде град на конфликт, туку на отворено место за сите. Истовремено, да се градат цивилни и инфраструктурни проекти за квалитетна животна средина, вклучувајќи и одржлив транспорт.