Турнир во „сервис“ пред „Бристол“

Групата граѓани кои протестираат против сечењето на дрвјата во центарот на Скопје, „Паркобраните“, продолжуваат да го окупираат паркот кај хотелот „Бристол“, и по најавите дека владата не се откажува од изградбата на зградата на Советот за радиодифузија односно Агенцијата за медиуми.

Турнир во „сервис“ пред Бристол

Денеска (29.08) во 18.00 часот на местото се организира турнир во „сервис“ на улица и ги покануваат сите добронамерни граѓани да им се придружат. Турнирот ќе се одвива во индивидуална конкуренција и во парови, а за најдобрите во овие категории ќе бидат обезбедени награди.
Пријавите за учество на турнирот може да се испратат на Фејсбук-страницата „Паркобрани“ или на самото место.