Турција започнува масовно судење за обидот за пуч во 2016

Речиси 500 луѓе кои беа уапсени минатата година поради обид за пуч во Турција, денес ќе бидат судени бидејќи учествувале во заговор против турската влада.

Обвинетите ќе се појават во судска сала изградена специјално за намената пред главниот град Анкара, а се соочуваат со разни обвиненија, од обид за атентат на претседателот, до убиство.

Бунтовничките војници се обидоа да го симнат Ергдоган од власт во јули 2016, а во пресметката починаа 249 цивили.

Судењето е досега најголемо после пучот.

Наредбите за нападите беа испратени од Акинчи воздушната баса, северозападно од Анкара, да се бомбардира парламентот.

Во исходот на неуспешниот обид, илјадници луѓе беа уапсени, а многумина се претпоставуваше дека се поврзани со Фетула Ѓулен, кој живее во егзил во САД.

Ѓулен е меѓу оние на кои ќе им се суди денес, иако во отсуство. Тој ги негира обвиненијата.

Критичарите велат дека Ергодан го користи прогонот кој следуваше после пучот, за да ја замолчи политичката опозиција.