Турција планира да крајот на годината да формира вселенска агенција

Турција планира до крајот на годината да формира сопствена вселенска агенција, соопшти денеска министерот за индустрија и технологијата Мустафа Варанк.

Тој појасни дека вселенската агенција ќе ја координира и контролира работата во сферата на аеронаутиката, земајќи ги предвид турските национални интереси.

„Ние придаваме особено значење на развојот на вселенскиот сектор, формиран врз научна платформа за вселенски развој и зголемување на бројот на кадрите“, рече Варанк.

Турскиот министер прецизира дека агенцијата не само што ќе ја координира реализацијата на проекти во областа на вселенските технологии во Турција, туку и ќе развива меѓународни врски во оваа област во рамки на ОН.

Медиумите пренесуваат дека Турција планира по 2023 година да започне сопствена програма за подготовка на астронаути, за што планира да потроши околу шест милијарди долари. Законодавната основа за тоа беше подготвена уште во 2016 година.

Претходно, во 2014 година, во турскиот округ Коња, заврши изградбата на т.н. турска вселенска база. Таму постојат капацитети за производство и тестирање на сателити.