Тур де Галичица на 25 и 26 август

Откако беше откажана минатиот месец поради потпишувањето на договорот со Грција за спорот со името, Тур де Галичица сепак ќе се одржи, но во август. Учесниците и годинава ќе може да возат и планинарат, па и да се бањаат. Петтото издание на Тур де Галичица ќе се одржува на 25 и 26 август.

Оваа година планинарската тура ќе биде на Лако Сигној со надморска висина од 1973 метри, во недела на 26 август со почеток во 9 и 15 часот. Исто како и претходните години, ќе има можност за кампување на отворено во Отешево.

Велосипедската тура е долга 68 километри. Почетокот и крајот се на плоштадот во Ресен.

Стартниот пакет ќе биде 300 денари и ќе се наплаќа на лице место.

Збирно место за планинарската тура ќе биде плоштадот во Ресен во недела на 26 август со почеток во 9 часот и се тргнува со организаран превоз од Ресен до Галичица. Вкупна должина на планинарската тура изнеува 7 км.

Краен рок за пријавување е 14-ти јуни. Стартниот пакет за планинарската тура ќе изнесува 400 денари. Наплатата е на лице место.

Пријавувањето е на следниот ЛИНК.