Туберкулозата денес – знаеш ли се што треба да знаеш?

Туберкулозата денес - знаеш ли се што треба да знаеш?Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамки на проектот „Врсничка едукација за превенција од туберкулоза“, вчера оддржа настан во општина Шуто Оризари под мотото „Туберкулозата денес – знаеш ли се што треба да знаеш?“

На настанот се делеа едукативни материјали и се правеа кратки едукации во паркот „Осми април“, но и низ неговата блиска околина за превенција од туберкулозата.

Во вториот дел од настанот, кој Х.Е.Р.А го организира заедно со организациите Сумнал, РРЦ, Амбрела и Ромаверзитас, учесниците имаа можност да ги испитаат своите знаења за туберкулозата преку едукативни игри.

„Проектот е насочен кон младата популација во државата и неговата цел е превенција од туберколозата а таа цел може да биде постигната преку вклучување на младите луѓе (и не само младите туку и нивните блиски, родители, старатели), зголемување на нивните знаења, сензибилизирање на наставниот кадар и лицата од педагошко- психолошките служби во училиштата и другите институции ширум државава, како и будење на свеста кај општата популација“, соопштуваат од Х.Е.Р.А.

Проект е финансиран од Глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза и маларија, а спроведуван преку Министерството за здравство.