ЦИНИК: Дискусија за анти-национализмот на Балканот

ЦИНИК: Дискусија за анти-национализмот на БалканотВо сабота (први февруари) Центарот за истражување на национализмот и културата ја организира дискусијата „Анти-национализмот на Балканот: теорија и практика“. Настанот ќе се одржи во Менада, со почеток во 18 часот.

Како учесници во дискусијата се најавени Чавдар Маринов, историчар и научен соработник во реномираната, aвтор на студијата Македонското прашање денес: комунизмот и национализмот на Балканот; Ивана Драгшиќ, Плоштад Слобода; Миша Поповиќ, истражувач и активист и Анастас Вангели, докторант при Високата школа за општествени истражувања, Полска Академија на науки, Варшава.

Модератор на дискусијата ќе биде Јован Близнаковски.

Целта на дискусијата е да овозможи размена на мислења и искуства поврзани со идејата за анти-национализмот на Балканот како сентимент, идеологија и/или движење. Учесниците ќе се осврнат на прашањата: Што претставува анти-национализмот во балканскиот контекст, а и во други контексти? Кои агенти типично го превземаат? Со кои политички идеологии анти-национализмот може да биде асоциран? Кои практики можат да бидат идентификувани како анти-националистички? Кои се сличностите и разликите во регионалните балкански национализми, односно во регионалните анти-националистички активности?

Настанот ќе биде искористен и за промоција на иницијативата Центар за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) од Скопје.