Центарци порачуваат: Оставете ни ги дрвјата!

Центарци порачуваат: Оставете ни ги дрвјата!

Жителите на центарот на Скопје уште еднаш им порачаа на властите да престанат со сечењето на дрвјата и  да ги остават во живот барем последните зелени површини во срцето на главниот град. По најавата дека и последното паркче на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ ќе биде срамнето за да се гради административна зграда, граѓаните се собраа на мирен протест насловен „Кислород во Центар“, за да го изразат револтот од тоа што, како што велат, „им снемува кислород“. Од организацијата „Авангарда“, составена од активисти-учесници во други граѓански иницијативи изминатите години, велат дека со сите средства ќе се борат за да не се уништи она малку преостанато зеленило во центарот.

Izjavi na Dzelal Hodzic i Ana Malceva od “Avangarda” by Radio Mof on Mixcloud

Центарци порачуваат: Оставете ни ги дрвјата!

Граѓаните присутни на протестот ја запеаја песната „Скопје радост ти ќе бидеш“ , а од бината говореа активистите Џелал Хоџиќ и Никола Наумовски. На настанот настапија раперите Puk’kah, Да Џака Накот и диџеј Страјк.

Ж.Н.