Целовечерен настан : Излез(и) од гужва на студентска дружба

Со поетско читање, филмски проекции,  музички концерти и моќен диџеј-сет, студентската организација „Излез“  ќе го обележи крајот на академската година.  Целовечерниот настан е закажан за во четврток (13 јуни) во амфитеатарот „Карпош“ кој ќе биде сцена за најголемите студентски креативци.

Целовечерен настан : Излез(и) од гужва на студентска дружба

Студентската дружба започнува во 19 часот и ќе трае до полноќ.

-Придружете им се на студентите и покажете црно на бело што сте научиле оваа година: покрај сцената ќе бидат поставени бели платна на кои ќе има место за сите ваши пораки! Која е твојата?, порачуваат од „Излез“.