Тројцата штипски професори го прекинаа штрајкот со глад

Тројцата универзитетски професори во консултација со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија вчера донесоа одлука да го прекинат штрајкот со глад.

Влошена здравствена состојба на професорите, СОНК утре се приклучува на штрајкот со глад

„ Во знак на добра воља и симнување на сите обвинувања на политичка заднина на целиот случај, одлучивме штрајкот со глад да го ставиме во мирување“ стои во заедничкото соопштение испратено до медиумите.

Од СОНК велат дека и понатаму ги подржуваат професорите и ќе продолжат со активности за решавање на нивниот проблем.

„ СОНК безрезервно ќе продолжи да ги поддржува и да презема соодветни мерки се додека не се реши проблемот со тројцата универзитетски професори, кој е создаден со скандалозно кршење и не почитување на оценките на рецензентските комисии, како и Решението на Државната просветна инспекција,“ се наведува во соопштението.

Универзитетските професори Крсте Шајновски, Маргарета Матлиевска и Александар Костадиновски 21 ден штрајкува со глад затоа што и покрај тоа што ги исполнуваа условите не беа избрани во повисоки звања, со што го изгубија работното место на Економскиот факултет во Штип.