Тројца починати, 121 новозаразен и 142 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа е потврден 121 нов случај на Ковид-19, односно, регистрирани се 33 случаи во Скопје, 11 во Охрид, девет во Крива Паланка, осум во Куманово, по шест во Штип, Тетово, Струга и Битола, пет во Кочани, по четири во Кавадарци и Гостивар, по три во Велес, Гевгелија, Струмица и Делчево, по два во Прилеп и Свети Николе и по еден случај е регистриран во Радовиш, Крушево, Македонски Брод, Берово, Валандово, Виница и Кичево.

Од МЗ информираат дека во болнички услови, од Ковид-19 починале три лица, односно, двајца пациенти од Прилеп на 63 и 83 години и еден пациент од Струга на 60-годишна возраст.

Институтот за јавно здравје регистрирал 142 оздравени пациенти, односно, 50 од Скопје, 32 од Куманово, 12 од Гостивар, 11 од Прилеп, седум од Штип, по четири од Тетово и Струга, по два од Велес, Охрид, Кавадарци, Струмица, Берово, Виница, Делчево и Кичево и по еден од Гевгелија, Радовиш, Кочани, Македонски Брод, Кратово и Свети Николе.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15414, бројката на оздравени пациенти е 12896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се четворица пациенти,а вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка е 41 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирано е едно дете и две мајки позитивни на Ковид-19 и две деца и две мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 161.590 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.410 теста.