Тројца Британци се добитници на Нобеловата награда за физика

Истражувањата на тројцата професори родени во Британија, Дејвид Тоулес, Данкан Халдејн и Мајкл Костерлиц им ја донесоа овогодинешната Нобелова награда за физика.

Се работи за универзитетски професори од САД, кои ја добија наградата за нивната работа на тополошките фази на транзиција и тополошките фази на материјата. Научниците исто така развиле нивни сопствени математички формули за објаснување на однесувањето на материјата.

Со признанието со Нобеловата награда доаѓа и паричнa награда од 930.000 долари, која ќе биде поделена меѓу тројцата добитници.

Инаку, вчера Нобеловата награда за медицина беше доделена кај јапонецот Јошинори Охсуми. Во наредните денови светот ќе ги знае и добитниците на наградите за хемија, мир, економија и литература.