Тркалезна маса за искуствата од отворените образовни ресурси

Отворени образовни ресурсиВо четврток (19 декември)  ќе се одржи тркалезна маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“. Трибината почнува во 11 часот во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Тркалезната маса ќе се состои од кратки воведни презентации на тема искуства и придобивки од ООР презентирани од релевантни претставници од образовниот, јавниот, бизнис и граѓанскиот сектор, а ќе заврши со дискусија за предизвиците, отворените прашања и идните чекори поврзани со отворените образовни ресурси.

Присутните ќе имаат можност за размена на досегашни искуства, како и идеи и препораки за развој на образованието и отворените образовни ресурси во иднина, појаснуваат од Алијансата за отворени образовни ресурси кои се организатори на настанот. Трибината е поддржана од Фондацијата Метаморфозис.