Тркалезна маса „Насилство помеѓу учениците од средно училиште“

Утре во 11:00 часот во хотелот Holiday Inn ќе се одржи тркалезна маса на тема „Насилство помеѓу учениците од средно училиште“.

Настанот е резултат на истражувањето на тема „Насилство помеѓу средношколците во етнички хомогени и хетерогени средини “ кое го спроведе Младински образовен форум, во периодот од февруари до април 2014, на 2476 испитаници.

Од МОФ соопштуваат дека настанот има за цел да развие дискусија помеѓу засегнатите страни како и да придонесе кон унапредување на политиките кои го регулираат прашањето за превенција и справување со насилството помеѓу младите во Македонија.

– Прашањата кои им беа поставени на средношколците се однесуваа на тоа дали тие се чувствуваат безбедно во училиштата, колку нивните врсници носат со себе оружје и нивното искуство со насилство, како и дали постои разлика помеѓу хомогени и хетерогени училишта. Како илустрација, дел од резултатите од истражувањето велат дека 19,6 % од сите испитани ученици имале „физичка пресметка“ со некого во изминатите 30 дена, 25% некого „турнале или мавнале шамар“, соопштуваат од МОФ.

На настанот ќе се обратат: Моника Божиноска – Младински образовен форум, Елена Ивановска – Раководител на сектор за основно и средно образование при МОН, Нора Шабани – UNICEF, Народен правобранител, Ана Поп Ризова – Психолог и Шаип Зендели – Директор на средно училиште „Цветан Димов“.