Тркалезна маса на тема: Жените на пазарот на труд – стереотипи и предизвици

Finance Think организира тркалезна маса на тема „Жените на пазарот на труд: Стереотипи и предизвици“, која ќе се одржи на 6 јули (среда), со почеток во 11 часот, во хотел Мериот.

Пред дискусијата, свое обраќање ќе има Благица Петрески, како една од организаторите, по што ќе следува проекција на видеото оваа тема насловено „Родов јаз во плати во Македонија“.

На панел дискусијата, како говорници се најавени Доминика Стојановска од UN Women, Жаклина Гештаковска Алексовска од Програмата за зголемување на пазарната вработливост, потоа Санела Шкриељ од Фондацијата за поддршка на претприемништвото на жени и млади Егалите и Марија Башевска како претставничка на Рекатор – истражување во акција.

На самиот крај од настанот, ќе се доделуваат наградите и ќе се прогласат победниците од Конкурсот за цртеж и стрип „Родова и мајчинска економска нееднаквост“.