Tркалезна маса на тема „Како полесно до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус”

Центар за младински активизам Крик организира тркалезна маса на тема „Како полесно до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус”, која ќе се одржи на 23 септември во 13 часот, во дворот на посебното основно училиште за деца со пречки во психофизичкиот развој „Златен Сремец“.

На настанот ќе се дискутира процедурата за аплицирање и добивање на виза за волонтери Европски Солидарен Корпус. Од дискусијата ќе произлезат препораки за подобрување и менување на процедурата. Истите препораки ќе бидат испратени до засегнатите институции, со цел олеснување и унапредување на аплицирањето и добивањето на виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус.

На настанот е најавено присуство на претставници од Министерство за внатрешни работи, Министерство за надворешни работи и Министерство за труд и споцијална политика, претставници на организации кои работат со волонтери од Европски Солидарен Корпус и организации кои во иднина би сакале да работат со волонтери од Европски Солидарен Корпус.

Поради ограничен број на учесници, за учество на настанот е потребна пријава  https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd2-w6uW3t3UxRk-MSHsEyhnzkRUsO-NTllho7pD-hP_snh7g/viewform

Овој настан е дел од проектните активности од проектот VISA International System for Advocacy кои ЦМА Крик ги имплементира поддржани од програмата Еразмус + преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Проектот опфаќа низа активности кои имаат за цел да го олеснат процесот на извадење на виза за интернационални волонтери.