Триото Stamou / Chytiris / Ziarkas во СЦ Дуња

Утре вечер, 9 декември, во 20 часот, во Социјален Центар „Дуња“ ќе се одржи настап на триото Stamou / Chytiris / Ziarkas.

Организаторите најавуваат дека триото импровизира на раскрсницата помеѓу бучавата и мелодијата. Користејќи ги традиционалните инструменти на џезот (Ziarkas, Chytiris) со уникатен минималистички пристап, како и електрониката (Stamou), музичарите ја истражуваат природата и границите на нивните инструменти за да продуцираат звуци кои се познати, но исто така и непредвидливи. Етеричните звуци од неодредена природа се комбинираат со мелодичните патерни под влијание на народната музика, но и џезот и електронската музика.

Тасос Стамоу е eлектроакустичен композитор и изведувач, креатор на алтернативни електронски музички инструменти, наставник и звучен технолог.

Делата на Стефанос Китирис имаат за цел да истражуваат нови звучни начини на импровизација. Преку тапани, минимални перкусивни предмети и чинели, неговата практика се концентрира на експериментирање и има топол, разговорен пристап, отворен за сите.

Тодорис Зиаркас е контрабасист и композитор од Родос, Грција.