Трифун Костовски отвора младински клуб

Нов Младински клуб,  дел од здружението на граѓани „Човекот пред сè“, чиј претседател и основач е бизнисменот и поранешен скопски градоначалник Трифун Костовски, ќе биде отворен утре во 19:00 часот во Скопје, на улицата „Македонија“ број 31 – кат 2, стан 2, веднаш до издавачката куќа Култура.

Според Здружението, Младинскиот клуб има за цел да придонесе кон личен и професионален развој на младите, нивно заедничко стекнување на знаења и дружење. Клубот ќе биде ставен на располагање за сите младинци и организации, кои работат во сферата на младите.