Трибина за „Предизвиците на современите синдикални движења“ со Јосип Јуратовиќ

По повод посетата на Македонија на пратеникот на Германскиот Парламент и истакнат синдикален лидер, Јосип Јуратовиќ, Фондацијата Фридрих Еберт организира заедничка трибина на тема„ Предизвиците на современото синдикално движење“.

Трибината ќе се одржи утре во просториите на ГЕМ клуб, со почеток во 10:30 часот, а свое обраќање ќе има и германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер.

Јуратовиќ е сегашен пратеник во Германскиот Бундестаг, каде го ужива својот трет мандат, а како дел од неговите сегашни и поранешни обврски вклучуваат и членување во парламентарните комисии во областа на надворешна политика, човекови права и труд и социјална политика.