Трибина за иднината на медицинската едукација и македонските лекари

Студентскиот пленум при Медицинскиот факултет во Скопје ги поканува студентите и професорите да присуствуваат на денешната трибина на тема „Иднината на медицинската едукација и македонските лекари”.

Трибината ќе се одржи во Амфитеатар 1 на Медицинскиот Факултет со почеток во 14 часот.

Ќе се говори за последиците од „Законот за медицински студии и континуирано медицинско усовршување” и новите предлог-измени на „Законот за здравствена заштита”, со фокус на измените во поглед на специјализациите и стекнување на стручните звања. На трибината ќе зборуваат студенти по медицина, по што ќе следи дискусија на темата.