[Трибина] „Ве праша ли некој?“

Иницијативата за основање Локален младински совет во Тетово , утре (28 мај) со почеток во 12 часот, во кафе барот Лирија организира настан трибина за потребата од локално младинско организирање „Ве праша ли некој?“ . На неа ќе се дискутираат потребите и приоритетите на младите во Тетово, а младите ќе бидат информирни за идните активности чија цел е формирање Локален младински совет кој ќе дејствува во  Тетово.

Трибина: „Ве праша ли некој?“

На трибината за различните перспективи за младинското организирање, нивните потреби и предизвици ќе говорат: Светлана Сиљаноска –  дел од иницијативата за основање на младински совет, Матеј Маневски – Претседател на ЛМС Куманово, Бардуљ Заими – Претставник на Општина Тетово, Есвие Муртезани – член на КОМЗ. Трибината ќе ја модерира Димче Јосифоски.

На неа исто така ќе се презентираат досегашните активности и можностите за вклучување на претставници од организациите/институциите во овој проект, а ќе се зборува за тоа кои форми на младинско организирање постојат, која е состојбата со младинското организирање на локално ниво, за потребата од Локален младински совет во Тетово и за придобивките за младите од него.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

Оваа акција е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики” на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.