Трибина: Три години од првиот број на „Излез“

Трибина: Три години од првиот број на „Излез“Спроти тригодишнината од постоењето на студентското списание „Излез“, истоимената студентска организација од Скопје организира трибина на тема: Студентските медиуми во Македонија: што може иднината да научи од минатото?. На трибината ќе учествуваат: Томе Груевски, поранешен директор и уредник во „Студентски збор“Сашо Ордановски, поранешен уредник и новинар во „Млад Борец“Ѕвездан Георгиевски, поранешен новинар во „Млад Борец“Стефан Алексиќ, координатор на Радио МОФ и Жанета Трајкоскадиректор на Високата школа за новинарство и односи со јавност.

Преку формат на неформална панел дискусија, трибината ќе ги препознае главните медиумски струења на студентскиот активизам, некогаш и денес. Преку сопоставување на дејноста на студентските медиуми од минатото, во претходниот државен систем, и оние од денес, во современа Македонија, трибината ќе го проектира во слободен потег просторот на идни можности за афирмирање на домашниот студентски глас.

Трибината ќе се одржи во среда, 3 април во 16 часот во ЕУ-инфоцентарот во Скопје.