Трибина на активистите: Битки за слободно Скопје

Трибина на активистите: Битки за слободно СкопјеПо повод ослободувањето на Скопје, на 13 ноември активистите за Слободно Скопје организираат трибина на која ќе се дискутира за придобивките од НОВ и ослободувањето на Скопје, како и денешните битки за Слободно Скопје.

Од страна на директните учесници во различните движења и иницијативи, ќе бидат презентирани пристапите, проблемите, стратегиите и техниките кои ги користела секоја од иницијативите.

Едно од битните прашања кои ќе бидат дискутирани на трибината е и прашањето за граѓанската поддршка, дали постои и дали помага политичката поддршка, кои ни се сојузници и на кого може да сметаме во идните иницијативи и акции.

Модератори на настанот се Никола Писарев и Васко Лазаревски. Како говорници се најавени Никола Наумоски – Плоштад Слобода, Александар Гочев – Паркобрани, Воислав Стојановски – Стоп за полициска бруталност, Џабир Дерала – Цивил, Даница Павловска – Го сакам ГТЦ и Александар Стојановски – Спас за Водно.

Трибината ќе се одржи во  Книжарница во Чаршија (Libraria E Çarshisë), во Старата чаршија, со почеток во 19 часот.