Трибина: Младите и можностите за вработување во Македонија

Трибина: Младите и можностите за вработување во МакедонијаУтре (20 декември) со почеток во 11.30 часот во Американско катче ќе се одржи отворена трибина „Младите и можностите за вработување во Македонија.

Организатор на настанот е здружението Младиинфо од каде информираат дека во рамки на трибината премиерно ќе биде емитуван документарниот филм „Зошто не јас?“, во нивна продукција.

Филмот ги следи приказните нa шест млади луѓе до 30 години од Македонија кои имаат континуиран успех во своите кариери (Балканска мрежа за развој на граѓанското општество, IWM Network, Unixi Group, Denesa Tobako и брокерска куќа Еурохаус А.Д. Скопје).

Според најавата, трибината ќе трае до 14 часот. Американското катче се наоѓа во новиот дел на Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски.