[ТРИБИНА]Млади и медиуми – како до заеднички интереси?

Младински образовен форум (МОФ) и Фондација Метаморфозис ве канат на презентација и дискусија на резултати од истражување, во форма на трибина, во рамки на регионалната иницијатива “Млади и медиуми во Југоисточна Европа”. Трибината ќе се одржи на 5ти март (среда), 12:00 часот, во Клуб на новинари во Скопје.
[ТРИБИНА]: Млади и медиуми - како до заеднички интереси?
 
Презентација на резултатите од истражувањето ќе обезбедат координаторките на регионалната иницијатива, Елена Игнатова од Метаморфозис и Моника Божиноска од МОФ, а свое видување за детектираните проблеми и предлози за надминување на предизвиците ќе споделат:
 
– Зорана Гаџовска, новинар во Радио Слободна Европа
– Дарко Булдиоски, основач и директор на NewMediaMk
– Неда Коруновска Аврамовска, претседател на Реактор – истражување во акција
– Зоран Бојаровски, новинар во ТВ Алфа
– Марјан Забрчанец, извршен директор на Младински образовен форум
 
Дел од темите кои ќе бидат анализирани и дискутирани на настанот се следниве:
– застапеноста на младите и младинските теми, проблеми и потреби во медиумите;
– перцепциите и односот на младите кон традиционалните и кон новите медиуми;
– соработката меѓу медиумите и младинските организации;
– слободата наспроти стравот за младинско изразување преку медиумите;
– учеството на младите во креирањето медиумски содржини;
– вкусовите и потребите на младите како публика, во однос на квалитетот на медиумските содржини кои им се нудат;
– медиумската писменост, говорот на омраза, пропагандата;
 
Извештајот од истражувањето спроведено во Македонија можете да го погледнете на следниов линк:http://seeyouthmedia.org/?p=385