Трибина: „Менталното здравје на младите е важно“

На 12 август 2014 (вторник), со почеток од 11:00 часот во просториите на ЕУ Инфоцентарот во Скопје, во организација на Националниот младински совет на Македонија ќе се одбележи Меѓународниот ден на младите со трибина посветена на менталното здравје на младите.

Трибина: „Менталното здравје на младите е важно“

Националниот младински совет на Македонија и оваа година го означува меѓународниот ден на младите со организирање на панел дискусија на која ќе се разговара за важноста од грижата за менталното здравје на младите луѓе.

Настанот ќе биде отворен од Чарлс Герет – амабасадор на Кралството Британија во Република Македонија, а на трибината ќе зборуваат: Кристијан Бундовски – EМСА Македонија, Деспина Стојановскса – психотерапевт, Дамјан Николовски – Y-PEER, Црвен Крст на Република Македонија (TBC), СЗО (ТBC).

Како што најавуваат организаторите, оваа дискусија има за цел и да ги престави различните модели преку кои младите луѓе може да се вклучат во активности што можат да ги зајакнат нивните способности и кои директно значат и подобрување на нивното ментално здравје.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секој 12 август. Неговото меѓународно одбележување започна во 1999-та година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Оваа година темата на меѓународниот ден на младите е „Младите и менталното здравје“.

Целта на овогодинешното одбележување е намалување на стигмата кое е поврзано со сите оние млади кои имаат некаков проблем со менталното здравје, затоа што многу често оние млади кои се соочуваат со вакви проблеми се често етикетирани, а токму тоа всушност ги демотивира да побараат помош или поддршка.

Минатата година, Националниот младински совет на Македонија овој ден го означи со панел дискусија за поактивна вклученост на младите во сите општествени процеси и промоција на публикацијата „Чекори до национално младинско организирање“.