Трибина: Храна, вода, струја и облека за секоe семејство – Аеродром

Граѓанската иницијатива 8-ми Септември утре во Хотел Порта во Аеродром, од 19:00 часот ќе одржи трибина на тема: „Храна, вода, струја и облека за секое семејство“.

Трибина: Храна, вода, струја и облека за секоe семејство - Аеродром

На трибината ќе се разговара за повеќе актуелни теми како животот на примателите на социјална помош, стечајните работници и семејствата во социјален ризик, животот на младите од семејствата кои примаат социјална помош, стечајните работници и семејствата од социјален ризик.

Ќе се дискутира и за потребата од воведување и прифаќање на иницијативата за минимален достоинствен приход, како и за потребата од широк фронт за да се издејствуваат позитивни промени во социјалната политика на Владата на Р. Македонија.

Модератор на дискусијата ќе биде Александар Гочев, а ќе говори Џелал Хоџиќ од иницијативата 8-ми Септември.

Настанот е поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија.