Трибина: Дали корупцијата ја намалува вредноста на универзитетската диплома?!

Трибина: Корупцијата ја намалува вредноста на универзитетската диплома?!Младински образовен форум вечерва ја организира јавната трибина, каде ќе се дискутира на темата: Дали корупцијата во високото образование ја намалува вредноста на универзитетската диплома?

Трибината ќе се оддржи во Клубот на новинарите, со почеток од 19:00 часот а дел од говорниците се Вања Михајлова, член на Државна комисија за спречување корупција во периодот 2002-2006 год, Антонија Поповска-Христов, новинар во дневниот весник Нова Македонија, сектор образование но и други панелисти.

Дебатата е испровоцирана од последното истражување на МОФ на тема: Перцепција за корупција во високото образование, кое е направено во регионален контекст и дава компаративна анализа на ситуацијата во Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Молдавија.

Дебата ќе се обиде да даде одговор на тоа колку е застапена корупцијата во нашиот високообразовен систем, кои се моменталните механизми за спречување на корупцијата во образованието, што се прави за да се информираат студентите, професорите, вработените на Универзитетите и да се охрабрат да се борат против корупцијата, дали приватниот сектор има интерес да инвестира во борбата против корупција во високото образование, како и дали вредноста на Универзитетската диплома се намалува правопропорционално со застапеноста на корупција на Универзитетите.