Три студентки од Македонија наградени за најдобар дизајн за светлосна инсталација

Една од наградите на меѓународниот натпревар за дизајн од Сан Диего, Калифорнија – CLUE (Community Lighting for the Urban Environment) им припадна на три студентки од Македонија.

Симона Тасевска, апсолвент  на индустриски дизајн на Mашински факултет, Ирена Милојеска и Христина Секулоска кои се студенти на Aрхитектонски факултет во Скопје, се добитници на пофалница и почесно споменување за нивната светлосна инсталација на старата железничка станица во Скопје, која ја ревитализира другата половина која беше урната во земјотресот.

Три студентки од Македонија наградени за најдобар дизајн за светлосна инсталација

На натпреварот пристигнале 222 проекти од 51 различни земји, додека жирито кое е составено од седум меѓународни членови додели три награди и три пофалници за најкреативните проекти.

Три студентки од Македонија наградени за најдобар дизајн за светлосна инсталација

Студентките за Радио МОФ велат дека поради тоа што факултетите на кои студираат не дозволуваат многу слобода која би ја користеле за проекти надвор од факултативните обврски, за прв пат се нашле во ситуација каде натпреварот бара услов за тимска работа која е поврзана со креативните области во кои работат.

„Базата која што ја искористивме за формирање на овој тим е блиската врска помеѓу индустрискиот дизајн и архитектурата. Покрај тоа што се поврзавме на професионално ниво веќе предолго време сме поврзани и приватно. Ефектот на признанието на ваков конкурс од светско ниво кое го добивме на вака рана возраст, силно не мотивира да ги развиваме нашите способности во уште поголема мера“, вели Симона Тасевска.

Три студентки од Македонија наградени за најдобар дизајн за светлосна инсталација

За почесните награди студентките од Македонија се нашле во конкуренција со тимови од Јужна Кореа, Канада, Америка и Европа. Подоцна овој април ќе се одржи главната церемонија во Сан Диего, Калифорнија каде што на голема изложба ќе бидат изложени победничките проекти, меѓу кои ќе биде и нивниот.

Тема на овогодинешното издание на CLUE ги предизвика кандидатите да размислуваат за духот на местото каде светлото не бега од принципот на дизајнирање.

Три студентки од Македонија наградени за најдобар дизајн за светлосна инсталација

„Наша должност беше да избереме место кое не e лимитирано со размер, локација, внатрешност и надворешност, и да дадеме одговор во рамките на локалната реалност. Со употреба на конструкција од лед-диоди, инсталацијата Ab Aeterno оформува спиритуална врска меѓу два временски периоди разделени повеќе од една декада“, додава Тасевска.

Со оглед на тоа што старата железничка станица во Скопје стои половично, инсталацијата ја ревитализира другата половина која што денес недостасува физички, со тоа што креира ново просторно доживување. Во текот на денот ефектот од големата катастрофа на земјотресот од 1963 е се уште видлив, додека за време на ноќта преку инсталацијата, железничката се гради повторно и стои како што стоела пред 52 години.

Студентките велат дека за нив би била огромна чест ако нивната инсталација се изведе на конкретната локација во Скопје до 26 Јули оваа година, и таа биде официјално отворена на овој датум во чест на 53-тата годишнина од скопскиот земјотрес.

„Во план ни е овој проект како идеен да го предложиме во Музеј на Град Скопје и доколку е прифатен од нивна страна, да стапиме во контакт со надлежните институции за можноста тој да биде остварен. И покрај тоа што ние не знаеме што се случува моментално со таа локација и колкави се можностите нашиот проект да биде изграден,  сепак се надеваме на позитивна реакција и одговор“, додава Тасевска.

K.O.