Три неверојатни дена на „Аква Парк Фест“ во Пробиштип

Со настапите на дел од најдобрите македонски диџеи кои се претставија со специјални „бек ту бек“ сетови, во неделата наутро заврши второто издание на Аква Парк Фест кое го погледнаа повеќе од 10.000 посетители. Просторот на Аква Парк фест секојдневно беше исполнет со бројни разиграни и расположени млади луѓе, клабери, фанови на бендовите и помогнаа фестивалот да биде исполнет со позитивна енергија.

Три неверојатни дена на „Аква Парк Фест“ во Пробиштип

На второто издание на фестивалот најпосетени беа настапите на „Дубиоза Колектив“, Timo Maas, Joris Voorn во четвртокот, но и на Bad Copy, Darren Emerson и John Digweed во петокот навечер. Поради сето ова холандските диџеи Prok & Fitch кои ја затворија програмата на главната бина забавувајќи се до раните утрински часови, на својата фејсбук страница ја означија забавата на Аква Парк Фест меѓу најдобрите од оваа година, помеѓу сите нивни настапи ширум светот. Одличната забава на фестивалот ја одбележаа и реакциите на самите изведувачи кои восхитени од позитивната енергија на публиката и самите останаа да се забавуваат по нивните настапи.

2

Но, без сомнеж, најголемиот виновник за фантастичната енергија на Аква Парк Фест е верната публика, која неуморно издржа за време на интензивната музичка програма која се одвиваше без престан изминативе три дена.

3

„Дубиоза Колектив“ ја предизвикаа најголемата еуфорија меѓу публиката, а илјадниците фанови на Bad Copy во еден глас со бендот ги одрапува нивните најголеми хитови. Ќе се раскажува и за неверојатните сетови и продукција на John Digweed и Darren Emerson , Timo Maas, Joris Voorn , за сетот на Funkerman како најпозитивното изненадување, за тоа кој најдобро танцувал покрај базените за време на сетовите од дневната програма, за најлудите скокови и спуштања по тобоганите и за тоа кој од посетителите во камопт го има рекордот со најмногу посетени настапи за време на изминатите 72 часа константа музичка програма.

Aqua Park Fest (Probistip, Macedonia) Daytime Party – Day 3 from Ilovestip Tim on Vimeo.