Три македонски стартапи патуваат во Виена на Investment Ready Program

Преку warmup денот, кој минатата недела се одржа во „Јавна соба“, три нови македонски стартапи обезбедија влез во Investment Ready Program во Виена.

Организаторите посочуваат дека ова е втор таков настан преку кој се добива можноста за социјалните стартапи да влезат во програмата и преку менторство во Виена да ги подобрат своите капацитети, кои ќе ги направат попримамливи за странски инвестиции. Инвестициите, велат тие, се веќе обезбедени и ќе се случат на крај од целиот процес во 2018-та година.

„Целта на нашиот Лаб е што повеќе да ги охрабруваме домашните иноватори да размислуваат во насока на социјално претприемништво и нашиот главен фокус е импактот кој се врши при дејностите на самиот стартап“, додаваат тие.

Во септември ќе се случи и третиот по ред warmup ден на кој ќе се одберат најдобрите стартапи за влез во програмата. Целата програма е финансирана од Австриската Агенција за развој. Процесот на градење на бизнисите се одвива во Импакт Хаб Виена, а имплементацијата во Македонија е преку Social Impact Lab од Скопје.

На 16ти март во официјалната програма во Виена влегоа стартапите http://organikanova.com/ (Органско ѓубриво од калифорниски црви), http://seedoflife.com.mk/ (Производство на сирова храна) и http://www.dibiaggiony.com/ (Сензор кој ќе мери важни параметри кај спортистите).