Три конкурси за стипендии во САД

Студентите кои се заинтересирани за постдипломски и постдокторски студии може да аплицираат на три различни конкурси за стипендии во САД кои во моментов се актуелни.

Условите за добивање стипендија се наведени во самите конкурси, а трошоците за оние кои ќе бидат избрани се целосно покриени.

Првата стипендија е заедничка програма на Стејт Департментот и Владата на Р.Македонија и се вика Fulbright студентска програма во САД за 2014-2015. Сите информации за аплицирањето и инструкции може да се најдат на http://fulbright.state.gov .

Fulbright распиша конкурс и за постдокторски студии во САД, а повеќе информации за начинот на аплицирање може да се најдат на следниот линк.

На третиот конкурс кој е достапен е за програмата Hubert H. Humphrey Fellowships за 2014-2014, кандидатите ќе се бираат врз база на потенцијалите кои ги имаат за лидерство и вклученоста во опшествено корисна работа. Пoвеќе информации за програмата се достапни на http://www.humphreyfellowship.org.