Три гимназијалки од Струмица освоија 10 медали по англиски јазик во Дубаи

Ученичките Магдалена Стојанова, Тијана Иванова и Ивана Цветанова од СОУ,, Јане Сандански во Струмица освоија дури десет медали на Светскиот ученички куп по англиски јазик кој годинава се одржа во Дубаи, објави локалната ТВ Вис.

Тие под менторство на професорката Верица Јанкова обезбедија можност да се најдат во полуфиналето во Атина.

Трите средношколци покажаа дека умеат да дебатираат на англиски, да пишуваат  есеи, но и да полагаат тестови на англиски со 120 прашања.