Три дена фестивал на културата „АртАреа“ од 25 до 27 јануари во Кино Култура

Во текот на три дена, од 25 до 27 јануари, ќе се одржи фестивалот на култура АртАреа, во просториите на Кино Култура.

Фестивалот што се одржува втора година по ред, ги спојува на едно место различните форми на уметничко и културно изразување: книжевност, музика, поетски перформанс, фотографија… придружени со дискусии.

Издавачи кои учествуваат на саемот се: Бегемот, Или-или, Темплум, Готен, Слово, Табахон, ПНВ публикации, Гаврош, PrivatePrint, Сказнувалка и Антолог.

Како дел од програмата се промоциите на книгите „(Бес)конечни модели на расказот“ на Сања Михајловиќ-Костадиновска (Бегемот, Наше маало, 2018); „Пливање спротиводно“ на Ненад Јолдески (Или-Или, ПРОаЗА, 2018 и „Урбани легенди“ на Васко Марковски (Бегемот, Плочка, 2018).