„Три автори“ – изложба на фотографии на „Скопско лето“

 „Три автори“ е насловена изложбата на која ќе бидат претставени фотографии направени од архитектите Мирослав Марина и Кирил Михаилов и економистката Мимоза Чолак.  Изложбата е во рамки на „Скопско лето“ и ќе биде отворена вечер во НЛБ Галерија од 20:30 часот.

Според кураторот Александар Кондев, таа е посветена на творештвото на луѓето кои го поминале својот работен век, но пензијата не ги попречила во нивните активности.

Целта на изложбата е да ги поддржи сите граѓани-творци и да покаже дека творештвото е супстрат кој го создава и оформува духот на градот, му дава душа и препознатливост.