Трето летно издание на „When in Krusevo“ од 21 до 23 јуни

Адреналинскиот „When in Krusevo“ настан продолжува и оваа година. Третото летно издание ќе се одржи од 21 до 23 јуни, на Крушевското езеро.

И ова лето рекреативците и вљубениците во Крушево, крушевската природа и планинскиот воздух, ќе имаат можност да уживаат прекрасен викенд во Крушево, исполнет со низа спортски и рекреативни активности, како и неизбежната луда забава.

Фестивалот вклучува рекреативна (10 км) и долга (20 км) планинарска тура, планински велосипедизам низ прекрасната крушевска природа (мала 20 км и голема 40 км тура), тандем параглајдинг, кајак и SUP на Крушевското езеро и уште неколку други спортски активности. Во рамките на забавниот дел предвидени се рок и DJ журки каде ќе настапат The Hounds, крушевските рокери Invictus, “jungle & reggae“ дуото Natty Fiyah SS, реномираниот DJ Todoroff и DJ Бапчу.

Кампот ќе биде поставен непосредно до Крушевското езеро. Цената на фестивалскиот пакет е 500 денари во кој се вклучени уникатна маичка од фестивалот со нова оригинална илустрација на ТхеМичо, место за кампување, организирани планинарски тури со обезбедени водичи, организирани велосипедски тури, влезници во крушевските музеи и други подароци од останатите спонзори.

Со приложување на билетот, учесниците имаат можност и да добијат попуст за сместување во хотелите – поддржувачи на настанот,  објавени на официјалната веб страната на фестивалот: www.winter.wheninkrusevo.mk. Исто така, со фестивалскиот билет обезбеден е попуст од 50% за тандем параглајдинг со долгогодишни искусни летачи.

Картите се во продажба преку продажната мрежа на MK Tickets (www.mktickets.mk) и платформата за outdoor активности When in X (www.wheninx.com).