Трето издание на „Скопје на мраз“ во спортскиот центар „Борис Трајковски“

Денеска и утре на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање под името „Скопје на мраз 2019“.

На настанот љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да уживаат во уметноста на мразот на 75 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија и од Словенија.

На натпреварот (денеска од 20 часот и утре од осум часот) ќе учествуваат натпреварувачи на возраст од пет до 25 години, поделени во пет возрасни категории – кадети, кадети Б и Ц, млади јуниори, јуниори и сениори.

Настанот во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија.