Трето издание на „Под земја полесно се дише“ во недела

Третото издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“ ќе се одржи во недела (27 декември), последниот викенд за 2015 година, најавуваат организаторите од културниот центар „Кула“. Тие и годинава ветуваат програма исполнета со изложба, инсталации, претстава и нови бендови, во подземните гаражи на Плочник.

„По трет пат ќе имате шанса да присуствувате на овој андерграунд фестивал. Старата, веќе проверена локација, гаражите кај Плочник, ќе биде привремено отелотворување на низок орган на извршната власт, каде дента ќе се оддржуваат стандардните секојдневни активности министерски – журки и хамбургери“, велат организаторите.

На фестивалот ќе се претстават студентите од Факултетот за драмски уметности со претставата ,,Како класа 13 во 2015-та ја одигра Животинска Фарма од Џорџ Орвел”, а ќе има и звучна инсталација на Сашо Пуцковски – Пуци, изложба на колективот „Кула“, како и бендовите „Ја и ти“ и TV Rage.

Фестивалот е почнува во 19 часот.