Трето и четврто место за дебатерките од Македонија на Светското првенство во Солун

Милка Геровска го освои третото место, додека Теодора Столевска се најде на четвртото место како најдобар говорник во категоријата дебатери на кои англискиот им е странски јазик (English as foreign languageEFL). Тие како тим стигнаа до финалето на Светско универзитетско дебатно првенство 2016 , со што постигнаа најдобар пласман досега на овој престижен светски настан.

Столевска и Геровска се дебатерки од Младинскиот образовен форум – МОФ, а бидејќи првенството е студентско, тие го претставуваа скопскиот универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Воедно, тие се први дебатерки од Македонија кои се пласираа во финалето на овогодинешното првенство.

Настанот годинава се одржа во Солун, а започна на 27 декември. На него учествуваа повеќе од 400 тимови од целиот свет кои ги спротивставија своите дебатни вештини преку 9 прелиминарни рунди, полуфинална и финална рунда. На турнирот паралелно се одвиваат дебати во три категории: натпревар на дебатери на кои англискиот јазик им е мајчин јазик,  дебатери на кои англискиот им е втор јазик како и категорија во која се натпреваруваат сите учесници на кои англискиот им е странски јазик.