Трета изложба на макети, минијатури и диорами во Дом на АРМ

Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“ по трет пат ја одржува изложбата на макети, минијатури и диорами, од 3-6 март во Домот на АРМ во Скопје.

„По успехот на минатогодишната втора изложба, како и огромната посветеност, оваа година ја продолжуваме низата со надеж дека ќе прерасне во традиција“, пишуваат од клубот на Фејсбук настанот.

Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“ е прв од овој вид во Македонија, а неговата основна цел е промоција на макетарското хоби, како и подигнување на техничката култура.

На изложбата посетителите ќе можат да ги видат макетите и диорамите на членовите на клубот, но и да се информираат повеќе околу самите макети, начинот на изработка и слично.

Изложбата ќе биде отворена од 12 до 20 часот, освен на денот на отворањето. Влезот е слободен.