Трет ден блокада на патот за РЕК Битола, битолчани најавија радикализација

По три дена блокада на патот кој води кон РЕК Битола, Здружението „За нас се работи“ најави радикализирање на активностите, бидејќи, како што велат од здружението, надлежните остануваат игнорантни на нивните барања за решавање на проблемот со загадувањето.

„ За некој кој седи дома ова е радикализација, но оној кој има потреба од чист воздух, ќе му стане јасно што сакаме. Блокада на комбинатот веројано носи и кривична одговорност, не знаеме, но, исто така, во паника не знаеме што ќе направите, како ќе реагирате, бидејќи сè повеќе луѓе заминуваат на лекување во Скопје – рече Душко Груевски од здружението.

Граѓаните се револтирани поради тоа што проблемот со загадувањето на воздухот не е приоритет на ниту една партија на претстојните избори.