„Трчај, играј – активирај се!“ – на 6-ти септември на кејот на Вардар

“Трчај, играј, активирај се” е мотото под кое на 6-ти септември, на кејот на реката Вардар, Агенцијата за млади и спорт организира спортско – рекреативен настан, во пресрет на Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми семтември.

Централна активност на настанот ќе биде рекреативна атлетска трка која во 17:00 часот ќе започне од каналот на Вардар (општина Карпош, кај карпата за искачување), а ќе заврши кај Градска плажа (општина Центар).

Во рамки на настанот ќе биде организирана и еколошка акција за чистење на кејот на Вардар, како и спортски активности: одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности.

Агенцијата за млади и спорт ги повикува сите заинтересирани да се пријават и да бидат дел од атлетската трка пополнувајќи го соодветниот формулар: (http://bit.ly/2wRZptc), или на телефон: 075-254-734.

Повикот за аплицирање за учество на настанот ќе биде отворен до 04.09.2017 (понеделник), до 20:00 часот.

Секој од учесниците во трката е одговорен за својата физичка подготовеност и здравствена состојба.