„Трап“ забавите се враќаат во Капан ан

Во сабота (20 септември) во клубот Капан Ан ќе се одржи третото издание од серијалот трап забави „Trap Da Fuck Up“.

TrapDaFuckUp3 poster

По одличното летно издание на плажата Оревче во Охрид, забавите „Trap Da Fuck Up“ се враќаат во Скопје. На ова трето издание ќе настапат електронското дуо Anomalia Nativа, Bass Infusion, а гости на вечерта се Jackie Dagger и Feelonezy, претставници на белградската групација Mystic Stylez кои за првпат гостуваат во Скопје.

Тие се диџеи и продуценти чиј стил е под влијание на широк спектар на електронска музика. Во нивните сетови може да се чујат влијанија на hip-hop, trap, house и други електронски стилови. Тие се дел и од светски познатата TekLife групацијата од Чикаго позната по промоцијата на footwork музика.

Почетокот на настанот е закажан на полноќ, а во скопската чаршија ќе се слуша трап музика до раните утрински часови.