Невладината организација Gayten-LGBT, во соработка со Канцеларијата за човекови и малцински права на влада на Србија објави видео спот насловен „ТРАНСпарентно“ за да укаже на неопходноста од усвојување Закон за родов идентитет.
Како што соопштуваат од „Gayten-LGBT“, транс лицата и лицата кои родово не се одредуваат во Србија постојано се изложени на дискриминација.
„Омразата и насилството се речиси секојдневна појава, а општата популација во значителен процент го одобрува насилство и дискриминација против сите оние кои се различни, и вклучувајќи ги и транс луѓето. Многу од прашањата, кои за повеќето граѓани/ки претставуваат секојдневие, од транс луѓето бараат голем напор и храброст: излегување на улица, одење на училиште или колеџ, барање работа и други ситуации кои бараат приказ на лични документи во кои името и ознаката на полот не одговараат на изгледот на лицето“, велат од оваа невладина организација.
Gayten-LGBT го направи видео спотот во соработка со Центарот за човекови права и студии за развој и продукциската компанијата „Crossroads film & video production“. Спотот инаку е дел од проектот „Создавање толеранција и разбирање кон ЛГБТ популацијата во српското општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, а го имплементира Канцеларијата за човекови и малцински права.